Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во Анкара разговараа за начините за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија.
Во Хаити, бројот на деца регрутирани од вооружените банди се зголемил за 70 проценти во 2023 година, предупреди Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ), истакнувајќи дека децата сочинуваат речиси половина од членовите на бандите.
Според американската агенција, Ле Пен го заостри својот тон во последните неколку недели откако се соочи со обвинувања за проневера на средства од ЕУ за финансирање на работата на нејзината партија во Франција.
Израел се приближува до примирје во својата војна со либанската група Хезболах, но сè уште има отворени прашања, се наведува во соопштението на владата.
„Утрово го објавив најголемиот пакет санкции против руската фантомска флота. Тоа зборува за ангажманот на Велика Британија во однос на Украина, изјави шефот на британската дипломатија, Дејвид Лами, на средбата со неговите колеги од Г7, што се одржува во Италија.
Поранешниот копретседател на групата на Зелените во Европскиот парламент, Филип Ламбертс е ангажиран како советник на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со задача да и помага при транзицијата кон климатско неутрална економија.
По повод Меѓународниот ден на борба против насилството врз жените, Салвини ги прочита имињата на 15-те жртви на фемицид во Италија кои беа убиени во период од една година, пренесе АНСА.
Египетските власти соопштија дека 28 лица се спасени, а 17 се водат како исчезнати откако туристички брод потона во Црвеното Море.
Тој додаде дека украинските власти имаат најдобри информации за тоа од кои се држави потекнуваат борците распоредени на териториите на Украина кои се привремено окупирани од страна на Русија.
Папата Франциск ги обвини „лицемерните“ земји кои зборуваат за мир, а истовремено произведуваат оружје, за конфликтите во Украина и палестинските територии.