Илјадници британски земјоделци се собраа денеска во центарот на Лондон на протест против воведувањето на контроверзниот данок на наследство за некои фарми, објавен од лабуристичката влада.
Заменик-државен секретар на САД Брајан А. Николс официјално потврди дека Белата куќа и дозволила на Украина да користи оружје со долг дострел за напади врз руска територија.
Тој истакна дека од почетокот на рускиот напад врз Украина, ЕУ на Киев му обезбедила воена помош од 45 милијарди евра. Европската поддршка не е многу помала од онаа што ја даваат САД, додаде Борел.
Компанијата „Албемарл“ (Albemarle), најголемиот производител на литиум во светот, соопшти дека не е економски исплатливо да се воспостави синџир на снабдување во Северна Америка и Европа што би ја презел контролата врз клучните минерали од Кина.
Бразилската полиција денеска уапси пет лица осомничени за вмешаност во обид за државен удар, во кој планирале да ги убијат тогаш новоизбраниот претседател Луис Ињасио Лула да Силва и неговиот потпретседател Џералдо Алкмин, пред да стапат на должност.
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска разговараше за војната меѓу Русија и Украина со кинескиот претседател Си Џинпинг и рече дека е важно двете економски сили да разговараат за тешки теми.
Над 40.000 луѓе протестираа пред парламентот на Нов Зеланд против предлог-законот за реинтерпретација на Договорот од Вајтанги, кој го дефинира односот меѓу колонизаторите и Маорите, јави Би-Би-Си.
Литванскиот претседател Гитанас Науседа денеска го номинираше Гинтаутас Палуцкас за премиер на балтичката земја-членка на ЕУ и НАТО и му даде задача да формира влада, јави ДПА.
Комитетот за етика при Претставничкиот дом на САД утре ќе одлучува за следните чекори во истрагата против Мат Гец, кого новоизбраниот претседател Доналд Трамп го номинираше за државен обвинител.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека украинските напади врз Брјанска област со американски ракети се јасен сигнал дека Западот бара ескалација на конфликтот.