-Денеска ќе разговараме како Украина може да победи - за тоа се потребни повеќе пари и помош, истакна Руте.
Министрите за надворешни работи на Кина и Русија разговараа за војната во Украина и тензиите меѓу двете Кореи на маргините на самитот на Г20 во Бразил.
- Повеќето од земјите членки сметаа дека е многу подобро да продолжат да имаат дипломатски и политички односи со Израел, изјави синоќа Борел по завршувањето на заседанието, оценувајќи дека „постои недостиг на емпатија за страдањето на другиот“.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека прекинот на двата оптички комуникациски кабли под Балтичкото Море е резултат на саботажа.
Претседателот на САД Џо Бајден објави синоќа за „историска“ обврска за доделување четири милијарди долари во фондот на Светската банка за помош на најсиромашните земји во светот.
Повеќе од 40.000 луѓе денеска се собраа пред Парламентот во Велингтон, Нов Зеланд, во знак на поддршка на правата на Маорите и против предложената легислатива што ќе го промени значењето на основниот договор од 1840 година меѓу Британија и домородните Маори.
Од Стејт департментот синоќа изјавија дека политиката на САД во однос на користењето американско оружје од страна на Украина за напади во руска територија не е променета, и дека Вашингтон дозволува „адаптација и корекција“ на оваа политика доколку „тоа е соодветно“.
Група приврзаници на аргентинскиот претседател Хавиер Милеј најавија создавање „вооружено крило“ на неговата слободарска партија. Групата се опишува себеси како лојални војници решени да ја бранат агендата на екстремно десничарскиот политичар.
Нетанјаху рече дека САД предложиле да не се влегува во Газа и оти со резерва гледаат на влегувањето на израелската армија во градот Газа, Кан Јунис, а особено Рафа, на југот на територијата.
Утрово на авенијата Меликишвили во Тбилиси почнаа судири меѓу полицијата и демонстрантите кои не ги признаваат резултатите од парламентарните избори.