Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска не сакаше да ги коментира медиумските написи дека американскиот претседател Џо Бајден и дал дозвола на Украина да користи американски ракети со долг дострел за гаѓање цели на територијата на Русија.
Маск беше назначен од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за еден од шефовите на Секретаријатот за ефикасност на владата.
Официјални лица рекоа дека овластувањето за употреба на американски ракети АТАКМС, за кое долго се дискутираше во Вашингтон и за кое се заговара во Киев, е одговор на потегот на најмалку 10.000 севернокорејски војници да ги поддржат руските сили на границата со Украина, смета Тајмс.
Синот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот, ја критикуваше одлуката на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден да и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел ATACMS за напади на руска територија.
Овластувањето што Вашингтон му го даде на Киев за напад на руска територија со ракети со долг дострел е „јазик што (рускиот претседател Владимир) Путин го разбира“, изјави синоќа полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски.
Во Рио де Жанеиро денеска почнува дводневниот самит на Г20, а главни теми на состанокот ќе бидат борбата против сиромаштијата и гладот во светот, реформа на глобалните институции, борбата против климатските промени, како и конфликтите во Украина и појасот Газа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа претпазливо ја примил информација дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ќе и дозволи на Украина да користи оружје што го обезбедуваат САД за напади длабоко на руска територија.
Руската пратеничка Марија Бутина рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден, дозволувајќи и на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во Русија, ризикува да избие трета светска војна.
„Верувам дека речиси сè ќе биде преиспитано“, нагласи тој, одговарајќи на прашањето на агенцијата дали администрацијата на Доналд Трамп ќе го преразгледа одобрувањето на Бајден за напади на руска територија со помош на американски крстосувачки ракети ATACMS.
Илјадници луѓе во Словачка синоќа излегоа на улиците за да протестираат против владата предводена од премиерот Роберт Фицо, а најголемите демонстрации се одржаа во Братислава.