Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска не сакаше да ги коментира медиумските написи дека американскиот претседател Џо Бајден и дал дозвола на Украина да користи американски ракети со долг дострел за гаѓање цели на територијата на Русија.

-Претседателот Владимир Путин веќе кажа сè за тоа, рече Захарова.

Зборувајќи за можноста Украина да користи западно оружје за да гаѓа цели на руска територија, Путин во септември рече дека поместувањето на војната понатаму на исток нема да биде крај, „бидејќи војната ќе стигне и до Западот“.

Тогаш Путин предложи и промена на руската нуклеарна доктрина, а меѓу амандманите е и одлуката дека агресијата на ненуклеарна држава, со учество или поддршка на нуклеарна држава, се смета за заеднички напад.

Тврдењата на медиумите дека Бајден ја овластил Украина да користи американски ракети за цели на територијата на Русија, досега не беа потврдени или демантирани од Белата куќа или од Пентагон



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2024 14:29