Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен денеска во израелски напад врз густо населена област во Бејрут, потрдил за либанските медиуми претставник на проиранското движење.
- Украина може да смета на нас, тоа е принципот кој преовладува, и нема да се носи никаква одлука без Украина, рече Шолц на аеродромот во Берлин пред да замине на Самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро, пренесува ДПА.
Актуелниот американски претседател Џозеф Бајден денеска ќе ја посети Амазонија и ќе стане првиот американски претседател што ќе го направи тоа, објавија западните медиуми.
Руските власти систематски го искоренија секое несогласување во последниве години, затворајќи стотици, па дури и илјадници луѓе и оневозможувајќи каква било протестна акција.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, најави дека руската армија врши концентриран напад врз инфраструктурните објекти на Украина, посочувајќи дека истата судбина ги чека и резултатите од американските инвестиции на оваа територија.
Најмалку три лица загинаа денеска кога два брода се судрија во морето Сето во западна Јапонија, јавија локалните медиуми. Рано утринава брод се судрил со реморкер.
Руските сили извршија масовен напад врз енергетските капацитети кои ја снабдуваат украинската воена индустрија, соопштија руските новински агенции, повикувајќи се на Министерството за одбрана во Москва.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска најави можност за почеток на преговорите меѓу Техеран и Европа, пренесуваат иранските медиуми.
Албанезе рече дека му рекол на Трамп оти САД имаат трговски суфицит со Австралија и дека е во интерес на Вашингтон да „тргува праведно“ со својот сојузник.
Русија лансираше околу 120 проектили и 90 беспилотни летала во „масовен“ комбиниран воздушен напад врз енергетската инфраструктура на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.