Кинескиот претседател Си Џинпинг во својот говор на денеска отворениот Конгрес на кинеската Комунистичка партија изјави дека кинескиот народ тредба да одлучи за тајванското прашање и дека Кина никогаш нема да се откаже од правото на употреба на сила, но и нагласи дека ќе се залага за мирно решение на проблемот
Претседателот на Уганда Јовери Мусевени нареди карантин во два региона од централниот дел на земјата каде е главното жариште на епидемијата на ебола, забранувајќи патувања, воведувајќи полициски час и наредби за затворање на места кои примаат публика
Франција на нејзина територија ќе обучи околу 2.000 украински војници, изјави вчера францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни за францускиот весник „Ле Паризиен“
Илон Маск синоќа изјави дека неговата ракетна компанија „СпексИкс“ (SpaceX) ќе продолжи да ја финансира нејзината Интернет услуга „Старлинк“ (Starlink) во Украина, само еден ден откако кажа дека веќе не може да си го дозволи тоа заради огромните загуби
Најмалку 11 лица загинаа, а уште 15 се ранети вчера на воен полигон во областа Белгород, во југозападна Русија, кога двајца напаѓачи отвориле оган врз група доброволци кои сакале да се борат во Украина
Неидентификувани вооружени лица синоќа отвориле оган во бар во централниот мексикански град Ирапуато, убивајќи притоа шест жени и пет мажи, соопштија локалните власти
Девет лица се повредени во немирите и пожарот што избувна во озлогласениот затвор Евин во Техеран
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска го отвори конгресот на Кинеската Комунистичка партија, а во обраќањето пред околу 2.300 делегати во Големата сала на народот во Пекинг повика на подмладување на кинеската нација и проширување на „социјализмот со кинески карактеристики“
Банерџи кажа дека брзото обновување на електричната енергија во Украина по големите руски напади врз енергетската инфраструктура од оваа недела ја одразува ефикасноста на воениот систем, но дека руската промена во тактиката ги зголемува ризиците.
Иран денеска ги отфрли обвинувањата дека испратил оружје во Русија „за да го употреби во војната во Украина“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.