Украина со беспилотни летала изминататат ноќ извршила напади на повеќе локации во Русија, меѓу кои и врз склад за гориво во централниот руски регион Орјол, што предизвикало голем пожар.
Парламентот на Јужна Кореја денеска во вториот обид му изгала импичмент на претседателот Јун Сук-Јеол, поради неговата неодамнешна одлука за воведување воена состојба во земјата.
Рускиот претседател Владимир Путин го назначил генерал-полковникот Андреј Иванајев за нов командант на здружената група Восток, која ја предводи офанзивата на руските сили во источниот украински регион Донбас, објавија руски и украински медиуми.
Но, желбата на Доналд Трамп да го укине летното сметање на времето се чини дека е во спротивност со мнозинскиот став на Републиканската партија, која во 2022 година подготови нацрт-закон тоа да стане трајно, пренесува Индекс.хр.
Обвинителите го истражуваа Вибер за ширење „информации за дестабилизирање на политичкиот и општествениот поредок во Русија“, објави државната новинска агенција ТАСС.
Соединетите Американски Држави успешно тестираа конвенционална хиперсонична ракета на Флорида, само неколку недели откако Русија по првпат во борба го употреби својот нов балистичка проектил „Орешник“ кој може да носи и нуклеарни боеви глави.
Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, чии овластувања истекуваат на 29 декември, денеска изјави дека претседателските избори, закажани за утре, се нелегитимни.
Бакингемската палата денеска соопшти дека ќе испраша неколку членови на нејзиниот персонал вклучени во тепачка во бар за време на божиќна забава.
Неидентификувани дронови се забележани во последните недели над чувствителна индустриска зона во Германија и американската воздухопловна база во Рамштајн, соопштија денеска полициски извори, потврдувајќи ги извештаите на медиумите.
Германскиот Парламент в понеделник ќе гласа за доверба на владата, по барање на канцеларот Олаф Шолц, чија намера е да му биде изгласана недоверба што е услов за распишување предвремени избори.