Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, синоќа соопшти дека нема да се кандидира на претстојните парламентарни избори и дека ќе се повлече од политичкиот живот
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор со американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека верува во отворање коридор за извоз на украинско жито на светските пазари.
Руските власти денеска се заканија дека ќе одговорат со свои мерки на најавеното зголемување на бројот на американски војници во Европа.
Русија е дефинирана како „најголема и најдиректна закана за безбедноста на сојузниците и за мирот и безбедноста на евроатлантската област“. Во Стратешкиот концепт Кина за првпат се споменува како предизвик.
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека се уште не е време за ново гласање за независноста на Шкотска и дека Велика Британија е посилна како единствена економска единица.
Русија е подготвена да ги исполни своите обврски во однос на снабдувањето со храна и ѓубрива, потврди денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во телефонски разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
„САД ја поддржуваат турската модернизација на борбената флота, бидејќи тоа е придонес за безбедноста на НАТО, а со тоа и за безбедноста на Америка“, изјави таа.
Покрај овие инциденти, во учебната 2020/2021 г. имало и 53 престрелки во училиштата без повредени или убиства. Во учебната 2000/2001 г. години престрелки во кои имало повредени се случиле само во 23 училишта.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека „трајното пренесување“ на вирусот на мајмунски сипаници ширум светот може да доведе до негово ширење на високоризични групи како што се бремени жени, имунокомпромитирани поединци и деца.
Според Украинската воена разузнавачка агенција (ГУР), повеќето украински воени затвореници биле тешко повредени, со прострелни рани, изгореници, скршеници и ампутирани екстремитети.