Четири од пет деца во Појасот Газа страдаат од депресија, тага и страв, предизвикани од 15-годишната израелска блокада на таа крајбрежна територија, се вели во извештајот на организацијата Спасете ги децата
Двајца американски ветерани, двајцата од државата Алабама, кои беа во Украина за да учествуваат во војната со Русија, се водат за исчезнати неколку дена и можеби се заробени од Русите
Кризата со храна предизвикана од војната во Украина ќе принуди многу луѓе во сиромашните земји да емигрираат, што дополнително ќе го зголеми глобалниот број на раселени, кој моментално е на рекордно високо ниво, нагласи шефот на Агенцијата на ОН за бегалци
Лидерите на трите најголеми европски земји, Германија, Франција и Италија, се очекува денеска да пристигнат во Киев за да ја покажат својата поддршка за Украина, која се бори со тековната руска инвазија
Војската на Конго доцна во понеделникот потврди дека градот Бунагана паднал во рацете на бунтовниците М23. Демонстрантите од градот Гоме, кој е во близина на границата со Руанда, денеска сакаа да маршираат до преминот, но полицијата ги спречи.
Властите на Саудиска Арабија запленија играчки и детска облека во бои на виножито под изговор дека преку нив се за „поттикнува хомосексуалноста“.
САД денеска ја повикаа Кина да престане да ја поддржува руската инвазија на Украина за да не се стави на „лошата страна на историјата“. Пораката од САД дојде по телефонскиот разговор меѓу кинескиот и рускиот претседател Си Џинпинг и Владимир Путин.
Мажите мора да престанат да ги исклучуваат жените од мировните преговори во светот, порача генералниотѕ секретар на ОН Антонио Гутереш, предупредувајќи дека во конфликти како што е руската инвазија на Украина, ситуацијата всушност „се враќа наназад“.
Властите во Канада беа принудени да уништат речиси 15 милиони дози вакцини против коронавирус поради нивниот изминат рок на траење.
Компанијата „Икеа“ објави дека ќе ги продаде фабриките, ќе ги затвори канцелариите и ќе го намали бројот на вработени во Русија и Белорусија, како резултат на руската инвазија на Украина.