ОН објавија извештај во кој наведуваат дека трговијата со луѓе е во пораст поради конфликтите во светот, климатските промени и глобалните кризи.
Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов го посети Пекинг во октомври и двете страни рекоа дека нивните состаноци се фокусирале на „значајни разговори“ за одбранбените и воените прашања за зајакнување на врските.
Разузнавачките служби на Грузија предупредија на потенцијален заговор на криминални елементи за преземање на владата неколку дена пред претседателските избори во земјата, јави ДПА.
Началникот на националната полиција на Јужна Кореја и началникот на полицијата во главниот град Сеул се приведени поради нивните улоги во спроведувањето на воената состојба прогласена од претседателот Јун Сук-Јол минатата недела, соопшти денеска полицијата.
Русија го префрлила Башар ал Асад, соборен од молскавична офанзива на бунтовниците од позицијата претседател на Сирија, на „најбезбеден начин“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на таа држава, Сергеј Рјабков во интервју емитувано за Ен-Би-Си.
„Неговиот обид за самоубиство беше неуспешен и тој сега е во стабилна состојба“, изјави денеска пред пратениците генералниот комесар на Корејската служба за извршување затворски санкции, Ким Јонг-хе.
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден ги оквалификува економските планови на неговиот наследник Доналд Трамп како „катастрофа“ во говор во кој укажа на успесите на неговата администрација.
Во понеделникот попладне, премиерот Виктор Орбан учествуваше во дискусии со Доналд Трамп, Илон Маск и Мајкл Волц во Мар-а-Лаго. Унгарската делегација беше дополнета со министерот Петер Сијарто и претседателот на групацијата 4iG, Гелерт Јасаи.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по повод Денот на човековите права, што се одбележува денеска, го повика светот да се обедини во борбата против, како што наведе, „диктаторските режими“.
САД одобрија заем од 20 милијарди долари за Украина, а како дел од програмата за вонредно зголемување на приходите за функционирање на Владата на Украина.