Началникот на националната полиција на Јужна Кореја и началникот на полицијата во главниот град Сеул се приведени поради нивните улоги во спроведувањето на воената состојба прогласена од претседателот Јун Сук-Јол минатата недела, соопшти денеска полицијата.

Апсењата беа извршени само неколку часа пред главната либерална опозициска партија - Демократската партија - да поднесе нов предлог за импичмент на претседателот на државата во врска со воената состојба наметната од него. Партијата соопшти дека има намера да побара гласање за предлогот в сабота.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2024 09:37