Институтот за вулканологија и сеизмологија објави дека вулканот станал активен околу 15 часот по локално време. Активноста траела околу четири минути, а пепелта била исфрлена на височина од 3.000 метри.
Сириските граѓани кои побегнале во Турција за време на граѓанската војна почнаа да се враќаат во својата татковина по падот на режимот на Башар ал-Асад, јавува Анадолија.
Украина планира овој месец да одржи состанок со своите клучни европски сојузници за координација на заедничка позиција и обезбедување силна позиција на Киев во евентуални преговори, како и на бојното поле, соопшти портпаролот на украинското претседателство.
Мрежа од страници на Фејсбук објавила над 4100 политички реклами со цел поддршка на крајнодесничарскиот кандидат за претседател на Романија Калин Георгеску, додека истовремено ја нападале проевропската кандидатка Елена Ласкони, објави Блумберг.
Сириските бунтовници соопштија дека даваат амнестија за воен персонал што бил регрутиран за задолжителна воена служба за време на владеењето на Башар ал-Асад.
Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан, денеска во Абу Даби го прими британскиот премиер Кир Стармер, кој е во работна посета на ОАЕ.
Израел е „пооптимистичен“ за можен договор за ослободување на заложниците во Газа, изјави денеска министерот за надворешни работи Гидеон Саар.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека е отворен за можноста за распоредување на западни војски во Украина, со цел да се гарантира безбедноста на земјата и да се стави крај на речиси тригодишната војна со Русија.
Силни врнежи предизвикаа поплави во популарниот турски туристички центар Мармарис (област Мугла), јавува телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Палестинското движење Хамас ги поздрави Сиријците за „остварувањето на нивните стремежи за слобода и правда“ по соборувањето на претседателот Башар ал-Асад.