Вулканот Канлаон на островот Негрос на Филипините еруптираше вторпат оваа година.

Институтот за вулканологија и сеизмологија објави дека вулканот станал активен околу 15 часот по локално време. Активноста траела околу четири минути, а пепелта била исфрлена на височина од 3.000 метри.

Институтот ги предупреди граѓаните кои живеат на шест километри од вулканот да се евакуираат.

Канлаон последен пат беше активен во јуни, кога за време на ерупцијата исфрли чад на височина од 5.000 метри.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2024 00:45