Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, изјави дека уште еден американски шпион е уапсен во земјата, овој пат во северозаподната држава Фалсон
Првата пилот-серија од вакцината против коронавирус „Спутник V“, наменета за ризичните групи, веќе е испратена во руските региони, изјави портпаролот на руското Министерство за здравство
Најмалку 50 лица загинаа или исчезнаа кога се урна рудник за злато во Демократска Република Конго, соопшти локална невладина организација
Илјадници Каталонци вчера собраа со маски на лицата на десетици мали протести за повторно да побараат независност за овој шпански регион, и покрај предупредувањата од здравствените власти граѓаните да избегнуваат митинзи за време на пандемијата со Ковид-19
Одбележувајќи го почетокот на судењето за џихадистичките напади врз „Шарли Ебдо“, полицајци и еврејскиот супермаркет во Париз во 2015 година, во кој загинаа 17 лица, сатиричниот весник ги објави карикатурите на Мухамед, што неделникот повторно го направија цел на џихадистите
Меѓународната организација за заштита на правата на човекот “Хјуман рајтс воч“ соопшти дека обвинувањата против поранешниот боливиски претседател Ево Моралес делуваат дека се политички мотивирани
Перуанскиот Парламент вчера изгласа почеток на процедурата за импичмент против претседателот Мартин Вискара поради „морна некомпетентност“, јави ДПА
Во Бразил во последните 24 часа се потврдени нови 43.718 случаи на коронавирус, а со тоа вкупниот број на заразени сега достигна 4.282.164 лица
Европската унија ја осудува ескалацијата на насилството во Белорусија и ќе воведе санкции потив лицата кои се одговорни за изборните измами и насилството врз мирните демонстранти, изјави синоќа министерот за надворешни работи на ЕУ, Јозеп Борел
Палестински официјални лица ноќеска експресно го осудија договорот за нормализирање на дипломатските односи меѓу Израел и Бахреин, изјавувајќи дека арапската држава уште еднаш им „забила нож в грб“