Белорускиот претседател Александар Лукашенко, соочен со огромното протестно движење во текот на последниот месец, во понеделник ќе допатува во Русија на разговари со претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ.
Со цел да има поголем број туристички и деловни посети, Финска ќе ги релаксира многу строгите критериуми што важат за влез на странски државјани во земјата поради пандемијата на коронавирусот.
Германското Министерство за правда денеска на берлинското Обвинителство му препорача на Русија да и укаже правна помош и да и даде информации за здравствената сосстојба на Алексеј Навални, но само доколку тој се согласи со тоа.
Турција денеска го отфрли соопштението на медитеранските држави од Европската унија за спорот во Средоземното Море, велејќи дека коментарите се пристрасни и немаат врска со реалноста, но и дека Анкара останува отворена за разговори без предуслови со Грција.
Премиерот на Чешка Андреј Бабиш спречи полскиот премиер Матеуш Моравјецки да ги покани како учесници и претставниците на белоруската опозиција на самитот на премиери на Вишеградската група, денеска во Лублин, со цел белорускиот претседател Александар Лукашенко да не го злоупотреби настанот за пропагандни цели.
Тврдењата на компанијата Мајкрософт дека Русија наводно вмешала прсти и во воие претседателски избори во САД не заслужуваат внимание се додека оттаму не понудат докази за ваквите тврдења, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Романскиот претседател Клаус Јоханис потпиша указ за отповикување на 12 амбасадори на оваа земја, пренесува Аџерпрес.
Москва и Пекинг сметаат дека деструктивните активности на Вашингтон доведуваат до зголемување на тензиите во различни делови на светот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува руската државна агенција ТАСС.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју со новинарот на Вашингтон пост, Боб Вудворд, изјавил дека САД поседуваат „системи на оружје за кои никој не знае“.
Италијанската финансиска полиција открила 11 јахти чии сопственици не плаќале данок и на тој начин ја оштетиле државата за речиси 1,5 милиона евра, пишува весникот „Ил фато Котидиано“.