„Мајкрософт“ неодамна предупреди консултантска фирма што учествува во предизборната кампања на Џо Бајден, кандидат на Демократската партија на САД на претстојните претседателски избори, дека наводно била мета на руски хакери кои работеле со поддршка на владата во Москва.
Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска ги повика државите да обезбедат средства за забрзување на производството на средства што можат да помогнат во запирање на пандемијата на коронавирусот.
Кремљ повеќе би сакал Берлин директно да и ги пренесеше податоците на Русија за инцидентот со опозицискиот политичар Алексеј Навални и се прашува зошто се појавија некои тешкотии во тој поглед, изјави денеска портпаролот рускиот претседател, Дмитриј Песков. .
Француското Министерство за правда води истрага за исплатените 900.000 евра во 2010 година од холандската подружница на Рено-Нисан за поранешната европратеничка, Рашида Дати, за наводни советодавни услуги на Карлос Госн. Судиите се сомневаат дека тоа не биле вистински, туку фиктивни трансфери, што може да значат попстапки за влијание или пасивна корупција, јави дописникот На МИА.
Рочиштето за екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, закажано за денеска, е одложено поради стравување дека еден од адвокатите вклучени во судењето бил изложен на коронавирусот.
Пет лица загинаа, а над 50 се повредени во насилни протести кои избија како реакција на убиството на маж во Богота, извршено од двајца колумбиски полицајци, се вели во полициското соопштение објавено на Твитер.
Турција веќе не е партнер во источниот Медитеран, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред денешниот неформален самит на лидерите на јужните земји од ЕУ на Корзика, јави ДПА.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска ги негираше тврдењата на италијанскиот премиер Џузепе Конте дека рускиот претседател Владимир Путин му ветил дека ќе формира комисија за истражување на случајот со рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.
Германскиот институт за економски истражувања (ДИВ) денеска објави дека очекува економскиот пад на земјата поради пандемијата на коронавирусот да достигне 6,0 проценти оваа година, наместо 9,4 проценти, како што предвидуваше претходно.
Британското медицинско списание BMJ објави дека Владата на Велика Британија работи на планови за зголемување на бројот на тестови за коронавирус на ниво кое е незамисливо, односно дека планира да спроведе 10 милиони тестови секој ден до почетокот на следната година, како дел од големото проширување на националната програма за тестирање.