Посетата на француските министри на Москва е одложена, додека европските сили бараат одговори од Русија во врска со откритието на германските лекари дека Алексеј Навални е отруен
САД денеска ја обвини Кина дека „се плаши“ од независни медиуми, откако Пекинг информираше дека дополнително ќе го ограничи пристапот на странски новинари.
Милиони луѓе го губат пристапот до здрава храна, што го влошува проблемот со дебелината низ целиот свет и може да предизвика нова глобална пандемија, според Блумберг.
Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 27,.598,422 лица. Од нив починале 898.622, а оздравеле 19.686,700 луѓе.
Нова студија откри дека некои деца истовремено имаат Ковид-19 и антитела во нивниот организам, јави денеска Еј Би Си.
Јапонската министерка за Олимписки игри Сеико Хашимото изјави дека Игрите во Токио следната година ќе се одржат по секоја цена.
Професорката по историја на факултетот во Буенос Аирес Паола Де Симоне, болна од Ковид-19, почина во својот дом за време на онлајн настава.
Официјален Париз објави дека го одложува состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на Франција и Русија закажан за 14 септември во Париз, поради напнатоста поврзана со труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални, јави дописникот на МИА.
Септемвриската сесија на Европскиот парламент, закажана за 14-17 септември, требаше да биде прва во европската престолнина Стразбур од избувнувањето на пандемијата во Европа.
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко смета дека протестите во таа земја ги организирале САД, кои, како што тврди, работат преку центри во Полска и Чешка, како и класата „ситна буржоазија“ што се појави во Белорусија, изјави новинарот на Русија 1 Евгениј Рожков, кој правел интервју со белорускиот претседател.