Членовите на белорускиот опозициски Координативен совет, вклучувајќи ја и лидерката на протестите, Марија Колесникова, денеска ја минале границата и влегле во Украина, изјави портпаролот на белоруската државна комисија за граници, Антон Бичковски
Во Русија е произведена првата серија од вакцината „Спутник V“ за цивилна употреба, а наскоро ќе следи и дистрибуцијата низ сите региони во земјата
На Денот на независноста на нашата татковина, стоиме горди за сите наши успеси како држава, исправени пред нови предизвици
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека претставниците на Министерството за одбрана сакаат да продолжат да водат војни за производителите на оружје да бидат „среќни“
Шефот на кабинет на јапонскиот премиер, Јошиде Суга, ја навести можноста од одржување предвремени парламентарни избори, доколку биде избран за нов премиер на земјата
Пред скоро три децении, во 1991-та, на референдум, убедливо мнозинство наши граѓани гласаа да живеат во независна, слободна и демократска Република Македонија. Оттогаш имавме и напредок и падови во борбата за демократски вредности. Патот по кој тогаш тргнавме не е лесен, вели во писменото обраќање претседателот Стево Пендаровски по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија
Директорот на СЗО за итни ситуации, Мајкл Рајан, денеска ги предупреди владите да не даваат политички мотивирани информации за пандемијата со коронавирусот
Тестовите за коронавирусот се толку чувствителни што можат да откријат траги од неактивни вируси на инфекција која поминала пред неколку недели, што може да резултира со лажно позитивни резултати кои ги зголемуваат размерите на пандемијата, покажа истражување на британски научници од Оксфорд
Велика Британија ја повика владата на белорускиот претседател Александар Лукашенко враќањето на Марија Колесникова да стане нејзин главен приоритет, откако вчераутро беше соопштено дека опозиционерката била киднапирана од неидентификувани лица
Мобилна лабораторија за тестирање на коронавирус на аеродромот во Брисел ќе им понуди на патниците стандардни и експресни тестови за Ковид-19 по цена од 67 до над 100 евра.