Војниците се префрлени од Полска, за реализација на претходно планирани воени вежби, треба да започнат на 15 септември. Според литванските власти, вежбите се од „одбранбен карактер и не се насочени против никој од соседите, вклучувајќи ја и Белорусија“.
Правото на карикатура и потсмев, дури и на религија, претставува суштински дел од францускиот идентитет, рече претседателот на Франција, Емануел Макрон на церемонијата за натурализација, два дена по почетокот на судењето на обвинетите за вмешаност во нападот на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“.
Генералниот секретар на НАТО се обрати пред новинарите по денешната средба на Северноатлантскиот совет во Брисел и порача дека Русија должи убедливи одговори околу обидот за убиство врз опозиционерот Алексеј Навални, јави дописничката на МИА од Брисел.
Европската Комисија бара од земјите членки подобра координација на боите на зони погодени од Ковид-19 за да се избегнат рестрикциите врз слободата на движење во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во текот на есента може да дојде до комплицирање на епидемиолошката состојба во Москва, пред се, поради почетокот на учебната година и враќањето на граѓаните од одмор, предупреди денеска градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.
Папата Франциск денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот ги урна и онака разнишаните столбови на светскиот економски модел изграден врз идолопоклонството кон парите и доминацијата на богатите
Шеесет и пет илјади граѓани од Белгија заминале на одмор во зона обележана како црвена за Ковид-19 во текот на летото, а од нив 900 се тестирани позитивни за вирусот
Тимот на Белата куќа задолжен за одговор на пандемијата во САД излезе со прогноза дека во земјата до јануари 2021 година од коронавирус може да умрат повеќе од 410.000 Американци, јави Си-Ен-Ен
Над 100 европарламентарци бараат санкции против одговорните за нападите врз опозициските претставници и новинарите во Русија, имајќи го предвид и последниот со труењето на политичарот Алексеј Навални, јави ДПА
Иранските власти го одбија предлогот на Русија за воспоставување директни иранско-американски преговори