Германската економија падна за 9,7 проценти во вториот квартал, како резултат на падот на приватната потрошувачка, инвестициите и извозот поради пандемијата Ковид-19, соопшти денеска Заводот за статистика „Дестатис“, ревидирајќи ја првичната проценка.
Високи американски и кинески официјални претставници во телефонски разговор оценија дека има напредок во решавањето на отворените прашања поврзани со фазата 1 од јануарскиот трговски договор.
Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека се противи на раното одобрување на вакцина против коронавирусот и истакна дека вакцината не смее да биде одобрена се додека не се докаже дека е безбедна и ефикасна.
Британската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ соопшти дека почна тестирања со терапија со синтетички антитела за превенција и третман на Ковид-19, придружувајќи се во напорите во потрага по ефикасен лек за оваа болест.
Почетокот на процесот на евалуација на експерименталната вакцина против Ковид-19, изработена од Универзитетот во Оксфорд и компанијата „АстраЗенека“, може да биде побарана од надлежните органи до крајот на годината, доколку научниците можат да соберат доволно податоци.
Универзитетите во Пекинг се подготвуваат да ги тестираат студентите за коронавирус кои пред почетокот на новата учебна година се враќаат на факултетите
Експлозија на автомобил-бомба во северната авганистанска покраина Бахл, наменета за единица командоси, повреди многу цивили, соопштија авганистанските власти, јави ДПА.
Двајца пациенти, еден во Холандија и еден во Белгија, повторно се заразени со коронавирус, објави денеска холандската телевизија НОС, повикувајќи се на виролози.
Првиот човек на Поштенскaта служба на САД, Луис Деџој, синоќа сведочеше пред сенатската Комисија за национална безбедност и владини прашања во врска со планираното масовно гласање преку пошта во САД, поради пандемијата на Ковид-19.
Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала ја потресе Костарика, соопшти Американскиот геолошки завод.