Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека се противи на раното одобрување на вакцина против коронавирусот и истакна дека вакцината не смее да биде одобрена се додека не се докаже дека е безбедна и ефикасна.
Фаучи ова го кажа откако два извора за Си-Ен-Ен изјавиле дека Белата куќа ја разгледува можноста за рано одобрување за итна употреба на вакцината, пред да се завршат последните тестирања.
Во меѓувреме, Микаел Капуто од Министерството за здравство негираше дека САД од политички причини вложуваат голем напор за забрзување на развојот на вакцината.
-Една работа што не сакате да се случи е тоа вакцината да биде одобрена пред да знаете колку е ефикасна, рече Фаучи за британските медиуми.