Светската здравствена организација соопшти дека употребата на плазма од страна на пациенти излекувани од Ковид-19 сè уште се смета за „експериментална терапија“ и дека прелиминарните резултати што укажуваат на нејзината можна ефикасност сè уште не се „убедливи“.
Иранскиот совет за заштита на Уставот денеска го одреди 18 јуни следната година како датум за претседателските избори во таа земја.
Кина ќе го интензивира развојот на технолошките иновации со мобилизирање на националните ресурси и врвни светски истражувачки тимови со цел поттикнување на поквалитетен раст, најави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг, кој учествува на економски и академски семинар.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изрази надеж дека и другите арапски земји ќе воспостават дипломатски односи со Израел.
Германската Влада смета дека лидерот на руската опозиција Алексеј Навални, кој е во кома во болницата „Чарите“ во Берлин, „многу веројатно е жртва на труење“, изјави денеска владиниот портпарол Штефан Зајберт.
Москва ќе возврати со соодветни мерки за протерувањето на рускиот дипломат од Австрија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Збирка од 425 златници, од кои повеќето датираат од периодот на Калифатот Абасида, од пред 1.100 години, е откриена близу градот Јавнех во средишен Израел. Тие се исклучително ретки, велат познавачите.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе, кој повторно е на власт од декември 2012 година, денеска е 2.799 дена на власт во Јапонија, со што стана премиер со најдолг стаж во историјата на „Земјата на изгрејсонцето“.
Литванија и Белорусија си разменија обвинувања откако над границата меѓу двете земји беа пуштени црвено-бели балони, како дел од литванската реакција или знак на солидарност со белоруските демонстранти, пренесоа француските медиуми.
– За овие мерки во наредните неколку дена ќе одлучуваат францускиот премиер и Националниот совет за одбрана, рече Бон.