Москва ќе возврати со соодветни мерки за протерувањето на рускиот дипломат од Австрија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Одговорот на потегот на австриските власти следува, на овој или на оној начин, предупреди Песков.
За првпат Австрија донесе одлука да прогласи руски дипломат за „персона нон-грата“. Тој ќе мора да ја напушти Австрија на 1 септември, а тоа е, како што посочуваат медиумите, врв на една шпионска афера, за која австриските експерти сметаат дека е многу тешка.