Во Шпанија во изминатите 24 часа регистрирани се 3.650 нови случаи на Ковид-19, што е за 300 повеќе од претходниот ден, соопшти шпанското Министерство за здравство.
На италијанскиот остров Лампедуза синоќа пристигнаа 270 мигранти со што вкупниот број се искачи на 1.400 лица, соопштија италијанските власти.
Фармацевстката компанија „АстраЗенека“ доби одобрение за спроведување на третата фаза од испитувањето на потенцијалната вакцина против Ковид-19, АЗД1222 во Русија.
Главниот лекар во болницата во Омск, Александар Мураховски изјави денеска дека лидерот на руската опозиција Алексеј Навални ќе остане во таа установа сè додека не се стабилизира неговата состојба.
Лекарите од поголем број на јавни болници во главниот град на Кенија, Најроби денеска стапија во штрајк поради доцнење на платите и недостиг на заштитна опрема при приужање на помош на пациентите, кои се сомнителни на Ковид-19.
Во пожарот што изби во хотел во шпанско летувалиште Марбела едно лице загина, а десет се повредени
Во воената база Суда на грчкиот остров Крит, се очекува да пристигнат четири борбени авиони Ф-16 од Обединетите Арапски Емирати за заедничка обука со вооружените сили на Грција, објавија грчките медиуми
Нашиот брод за сондажа „Фатих“ откри резерва на природен гас од 320 милијарди кубни метри, соопшти турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и додаде дека слична вест се очекува и од Медитеранот, јави Анадолија
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека ќе ја реши ситуацијата во земјата во наредните денови
Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, не е задоволен од напредокот во преговорите со британската страна