Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендру Куомо, критикувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот третман на кризата со пандемијата, коронавирусот го нарече „европски вирус“
Германија во вториот квартал од годината забележа најголем пад на вработеноста, по обединувањето на двете Германии
Пекинг остро се спротивставува на американскиот притисок врз кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијан, реагирајќи на најавите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги прошири санкциите против таа компанија
Рускиот министер за енергетика, Александар Новак, ќе присуствува на утрешниот состанок на министрите на ОПЕК + и покрај позитивниот тест на коронавирус со кој се заразил додека патувал на рускиот далечен исток, соопшти денеска Министерството за енергетика
Амбасадорот на Белорусија во Словачка,Игор Лешчења, кој ги поддржа протестите против претседателот Александар Лукашенко, денеска ја објави својата оставка
Довербата на граѓаните во институциите се гради и заслужува само преку одговорна политика и бескомпромисна борба со оние што ги кршат законите, независно од нивната функција и моќ. Ако не сме еднакви сите пред законот и ако политичката власт се користи за личното, а не за јавното добро, таквата држава нема перспектива, порача денеска претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски, во обраќањето по повод Денот на Армијата
Не се точни наводите за оставка на белорускиот министер за надворешни работи, Владимир Маки, што се појавија на социјалните мрежи и во голем број медиуми, изјави неименуван дипломатски извор за агенцијата Тасс
Европската унија ја разгледува можноста за воведување санкции против поединци во Белорусија поврзани со насилството и изборната измама, изјави денеска шпанската министерка за надворешни работи Аранка Гонзалез Лаја, најавувајќи дека лидерите на ЕУ утре ќе разговараат за ситуацијата во Белорусија
Поради зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во своите редови, армијата на Јужна Кореја забрани во следните две недели да се земаат отсуства, да се напуштаат воените бази и да се примаат посети, соопшти Министерството за одбрана
Неколку минофрлачки гранати се истрелани во различни делови на Кабул, во време на неизвесност во Авганистан во врска со започнувањето на преговорите меѓу Талибанците и Владата