За поранешниот француски боксерски шампион Кристоф Детинге, кој и се предаде на полицијата откако го снимија камери како удира нејзини припадници за време на протест на „жолтите елеци“, досега се собрани десетици илјади евра преку јавни донации, што ги налути француските министри.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун денеска го прославува 35. роденден и по тој повод „Спутник интернешнал“ објави пет најинтересни факти за него.
Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше со американскиот колега Доналд Трамп за планот на Вашингтон да ги повлече силите од Сирија, соопшти Елисејскиот дворец.
Зимското невреме ширум Европа продолжи и денеска со тешки последици, а во последните седум дена во несреќи поврзани со невремето загинале 12 луѓе.
Белгија се изјасни против предлогот на Европската комисија за прием на дел од мигрантите кои се наоѓаат на хуманитарни бродови близу Малта, соопшти денеска белгиската Влада.
Патријархот московски и на цела Русија, Кирил рече дека капацитетот за собирање податоци што го имаат уредите како што се паметните телефони може да го доближи човештвото до доаѓање на aнтихрист.
Цената на нафтата на светските берзи денеска одново забележа зголемување, продолжувајќи го најдолгиот пораст во последните 17 месеци поттикнат од намаленото производството на енергенсот, но и од најавените кинеско-американските преговори во Пекинг, кои треба да ги испеглаат трговските односи помеѓу двете земји.
Авганистанските талибанци денеска соопштија дека ги откажуваат планираните мировни преговори со американски претставници во Катар поради несогласување за агендата.
Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Јапонија, соопшти Американскиот завод за геолошки истражување (УСГС).
Претседателот на САД, Доналд Трамп објави на Твитер дека вечерва ќе им се обрати на Американците „по повод хуманитарната криза и кризата на национална безбедност“ на јужната граница кон Мексико, а потоа, во четврток, ќе замине таму.