Израел денеска предупреди дека неговите институции во странство би можеле да бидат мети на напади од страна на Иран по неодамнешното убиство на иранскиот нуклеарен научник Мухсин Фахризаде.
САД никогаш нема да ја признаат анексијата на Крим од страна на Русија, а Украина треба да остане на врвот од агендата на САД, изјави денеска заменик државниот секретар Стивен Биган на министерска онлјан средба со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Кинеската сонда Чанг 5 денеска се враќа на Земјата и по повеќе од 40 години ќе донесе примероци од Месечината.
Земјите-членки на Европска Унија денеска едногласно усвоија декларацијаво која изразуваат загриженост поради пораст на антисемитизмот.
САД воведоа санкции кон иранската група Шахид Меисами, блиска до иранската Организација за одбранбени иновации и истражувања и нејзиниот директор, поради сомнение дека учествувала во развојот на иранското хемиско вооружување.
Четири лица загинаа, а една е повредена во експлозијата што се случи во Станица за прочистување на вода во Ејвонмаут, индустриска област во близина на Бристол.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе ограничувања на патувањето во САД на членовите на Комунистичката партија на Кина и членовите на нивните семејства, соопшти Стејт департментот.
Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш на специјалната сесија на Генералното собрание на ОН посветена на борбата против пандемијата со Ковид-19, истакна дека голем број држави сè уште не ги спроведуваат препораките на Светската здравствена организација (СЗО), што ги поткопува меѓународните напори за спречување на ширење на новиот коронавирус.
Парична награда во износ од 100.000 денари за освоениот медал на Европското младинско првенство во бокс му беше врачена денеска од Град Скопје на македонскиот репрезентативец Адријан Аземи.
Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф на денешната виртуелна конференција во Рим изјави дека Техеран во целост ќего почитува Меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма од 2015 година доколку САД и Европска Унија ги исполнат своите ветувања.