Филипинското Министерство за здравство денеска соопшти дека се потврдени 2.965 нови случаи на коронавирус, а починале уште 34 лица.

На Филипините се регистрирани вкупно 197.164 заразени, а една петина од случаите се пријавени во изминатите 10 дена.

Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 3.038.

Филипините имаат најголем број на заразени со коронавирусот од сите земји во Југоисточна Азија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2020 22:00