Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој денеска допатува во Русија, го разреши својот најблизок соработник Ким Јонг Чол, кој беше главен преговарач со американскиот државен секретар Мајк Помпео за денуклеаризација на Северна Кореја, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Речиси половина од сите фотографии и филмови со детска порнографија се наоѓаат на сервери во Холандија, соопшти денеска британската организација Интернет воч фаундејшн, која се занимава со откривање и борба против злоуптреба на деца.
Обединетите нации во март побараа од Франција темелна истрага за бројните обвинувања за полициско насилство за време на демонстрациите на Жолтите елеци, а париски „Ле Монд“ дојде до одговорот на Париз, во кој се отфрлаат сите обвиненија, јави дописникот на МИА.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Москва ќе ги спроведе сите неопходни мерки за да одговори на чекорите кои НАТО ги презема во близина на руската граница.
Првпат во Авганистан американските и авганистанските сили убија повеќе цивили отколку талибанците или други бунтовнички групи се наведува во извештајот на Обединети нации.
Рускиот претседател Владимир Путин инаугурира нова подморница која може да носи нуклеарни боеви глави кои можат да предизвикаат разорно цунами.
Советот за безбедност на Обединетите нации одобри умерена резолуција за борба против сексуалното насилство во конфликтните зони.
Поранешниот турски премиер и близок соработник на турскиот претседател, Ахмет Давутоглу на Фејсбук објави текст на 15 страници, во кој ја критикува владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).
Пред глумецот Володомир Зеленски, кој вчера победи во вториот круг на претседателските избори во Украина, неколку познати личности, од Роналд Реган до Џорџ Веа, тргнаа по патот на политиката и стигнаа до највисоките државни функции.
Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека се сретнал со соосновачот и извршен директор на компанијата Твитер, Џек Дорси.