Сингапур одобри продажба на „пилешко месо“ произведено во лабораторијата на една американска компанија, јави агенцијата Анадолија
Норвежаните можат да поканат до десет гости во своите домови за Божиќ и Нова година, соопшти денеска премиерката на Норвешка Ерна Солберг
Генералниот директор за здравство на Португалија, Грака Фреитас е позитивен на тест за коронавирусот и е во самоизолација, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата
Европската Унија во првата половина на идната година ќе организира самит ЕУ-САД на кој ќе се дискутира за поблиска соработка помеѓу двата блока, откако односите значајно се влошија под администрацијата на Трамп
Настаните во Нагорно Карабах, Белорусија и Киргистан ја искомплицираа општата состојба во областа на одговорност на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОСКБ) и ја направија нестабилна, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин
Германската дипломатка Хелга Шмид е главен фаворит за нов генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), изјави американскиот амбасадор во таа меѓународна организација Џејмс Гилмор
Шри Ланка евакуираше 75.000 луѓе од нивните домови на источниот брег, каде вечерва се очекува тропскиот циклон Буреви, кој носи ветрови од 80 до 90 километри на час
Невработеноста во еврозоната забележа мал пад во октомври, откако стапката на невработеност во сезонски прилагодени услови се намали до 8,4 отсто, во споредба со септември кога изнесувала 8,5 проценти, соопшти денеска статистичката агенција на ЕУ
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги обвини Полска и балтичките држави дека намерно водат деструктивна политика кон Белорусија и се мешаат во внатрешните работи на земјата
Официјален Пекинг денеска ги отфрли обвинувањата на Вашингтон дека не ги почитува санкциите воведени од ОН против Северна Кореја и истакна дека се потребни дополнителни напори за да се постигне политичко решение и да се видат последиците од санкциите врз животот на обичните севернокорејски граѓани