Двајца новинари и камерман на руската телевизија Дожд денеска се уапсени во Минск, каде се одржуваат изборите за претседател на Белорусија, објави телевизијата.
Светските сили се должни да му помогнат на либанскиот народ по катастрофалната експлозија што уништи голем дел од Бејрут, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон на отворањето на донаторската конференција за Либан.
Најмалку 50 луѓе настрадаа во текот на тридневните обилни врнежи од дожд, поплави и лизгање на земјиштето во Пакистан, соопштија властите на земјата.
Францускиот државниот секретар за туризам, Жан-Баптист Лемуан, во интервју за „Журнал ди Диманш“, вели дека загубите во тој сектор се движат од 30 до 40 милијарди евра, поради „непосредното влијание“ на здравствената криза, јави дописникот на МИА.
Пожар во 13-катна станбена зграда во чешкиот град Бохумин однесе 11 животи, меѓу кои и на три деца.
Русија може да користи нуклеарно оружје во секој ракетен напад, без оглед на боевата глава на ракетата.
Во Белорусија денеска одржуваат претседателски избори – шести по осамостојувањето на Белорусија.
Министерката за информации на Либан, Манал Абдел-Самад, денеска поднесе оставка и тоа е првата откако во експлозија на пристаниште загинаа повеќе од 150 луѓе и уништен е дел од Бејрут.
Лоја Џирга, големо собрание на племенски старешини на авганистанскиот народ, кое брои околу 3.000 делегати, денеска донесе одлука да ослободи 400 од талибанските борци од затвор.
На иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и ОН, светските лидери ќе одлучат денеска, на петтиот ден по катастрофалната експлозија во Бејрут, да соберат помош за Либан на видео самит.