Во Кина се пријавени 16 нови случаи на коронавирус, што е намалување за 20 случаи помалку од претходниот ден, соопшти денеска кинеската Национална здравствена комисија.
Турција соопшти дека до преземање на нова мерка ги прекинува групните молитви во џамиите, вклучително и големата петочна молитва, со цел да ја ограничи опасноста од ширење на коронавирусот.
Францускиот претседател Емануел Макрон во обраќање до нацијата нагласи дека „ние сме во војна“ против коронавирусот и најави дополнителни ограничувања за движење во Франција.
Шпанија воведува контроли на копнените граници во обид да го забави ширењето на новиот коронавирус, изјави денеска министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка.
Финска денеска прогласи вонредна состојба, придружувајќи се на голем број европски земји кои на сличен начин се обидоа да го спречат ширењето на новиот коронавирус.
Германската сојузна и државните влади се согласија да затворат се, од продавници до кафулиња, клубови, театри, музеи, бордели и цркви за да го забават ширењето на коронавирусот, соопшти денеска федералната Влада.
Уставниот суд на Русија денеска го одобри Законот за уставни измени со кој ќе се овозможи рускиот претседател Владимир Путин да остане на власт уште 16 години.
Бројот на смртни случаи од појавата на новиот коронавирус во северниот италијански регион Ломбардија во текот на изминатиот ден се зголеми на 1.420 од 1.218, соопштија два извора со пристап до податоците.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц утре ќе разговара со шефовите на владите на Западен Балкан и со еврокомесарот Оливер Вархеји за понатамошните чекори на регионот кон ЕУ.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека на маса е привремено затворање на Шенген зоната, јави дописничката на МИА од Брисел.