Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска во Книн изрази жалење за сите цивилни жртви во војната во Хрватска, и кон Србите и кон Хрватите.
По експлозијата на пристаништето во Бејрут, околу 300.000 луѓе останаа без дом, изјави гувернерот на Бејрут, Марван Абуд.
Меѓународни експерти врз основа на видео-снимки и последиците укажуваат дека пиротехниката и амонум нитратот ја предизвикаа вчерашната голема експлозија во главниот град на Либан, Бејрут.
Кина вложи остар протест до САД поради најавената посета на американскиот министер за здравство Алекс Азар на Тајван, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Јапонците купиле огромни количини раствор за плакнење на грлото, откако гувернерот на Осака рече дека тој производ помага против коронавирусот.
Премиерот на Либан, Хасан Диаб во кратко телевизиско обраќање ги повика сите држави и пријатели на Либан да и помогнат на државата, по вчерашната експлозија во Бејрут, во која загинаа повеќе од сто лица и уништи цели населби во градот.
Компанијата за резервации на хотели и куќи за изнајмување „Букинг“ (Booking.com) соопшти дека ќе отпушти повеќе од 4.000 вработени, што е една четвртина од нејзината работна сила, бидејќи патувањата драстично опаднаа поради пандемијата на коронавирусот.
Јужна Кореја работи на сателит со исклучително мала големина за подобро да ги следи воените активности на Северна Кореја.
Во налет на тропска бура Исаја што вчера го погоди источниот брег на САД, загинаа најмалку четири лица.
Бројот на смртни случаи во светот од Ковид-19 веќе е над 700.000 денеска, а САД, Бразил, Индија и Мексико имаат најмногу смртни случаи од таа болест.