Германските работодавци ја предупредуваа владата на таа земја дека без поголема имиграција на работници од Западен Балкан, компаниите во таа земја нема да можат да најдат соодветна работна сила.
Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија или 2,5 проценти од популацијата развиле антитела против новиот коронавирус. Тоа е шест пати повеќе од официјалните податоци, покажува истражувањето на италијанскиот Институт за статистика и Министерството за здравство.
Бројот на пациенти сзаразени со новиот коронавирус на интензивна нега во Франција беше 384 вчера, додека во петокот имаше 371. Тоа е вторпат во изминатите седум дена таа цифра да се зголеми, откако се намали во изминатите 16 недели, соопштија француските здравствени власти.
Поранешниот крал на Шпанија Хуан Карлос Први го известил неговиот син, кралот Фелипе Шести, дека ќе ја напушти таа држава и ќе живее во друга земја, откако во изминатите недели се појавија обвиненија за корупција.
Кипарската авиокомпанија „Сајпрус ервејс“, од 18 август ги откажува летовите за Солун и Скиатос, а ја намалува фреквенцијата кон островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина.
Во познатата црква Нотр Дам во Париз, вчера почна потфатот за подготовките за обновување и реставрација на симфониските оргули, кои меѓу другото, беа оштетени во пожарот од април минатата година.
Кина нема да ја прифати американската „кражба“ на кинеската технолошка компанија за снимање кратки видеа „ТикТок“, објавија денеска кинеските државни медиуми.
Белгиската компанија Хијари неодамна разви технологијата за производство на 100 отсто вештачки дијаманти, со исклучително чиста структура.
Голем дел од 70 милиони деца погодени во Јужна Америка од пандемијата Ковид-19, особено во Централна Америка и Карибите, се изложени на ризик од тековната сезона на урагани, предупреди УНИЦЕФ.
Најмалку 22 лекара починале од последици на коронавирус во државата Зулија, во северозападниот дел на Венецуела, изјави претседателката на лекарското здружение Даниела Пара.