Најмалку 22 лекара починале од последици на коронавирус во државата Зулија, во северозападниот дел на Венецуела, изјави претседателката на лекарското здружение Даниела Пара.

– Сите можат да забележат дека здравствените работници ја плаќаат највисоката цена поради пандемијата, истакна Пара.

Таа додаде дека лекарите предложиле мерки за намалување на ризиците во кои работат лекарите на првата линија на фронтот во борбата против Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 14:16