Продажбата на заштитни маски во аптеките во Италија е преполовена во последните сто дена, а Италијанците купуваат десет пати помалку средства за дезинфекција отколку на почетокот на епидемијата на коронавирусот во земјата, покажаа податоци на компанијата Иквиа, која ја следи потрошувачка во аптеките.
Германскиот конгломерат Тисенкруп денеска соопшти дека ја заврши продажбата на фабриката за производство на лифтови на приватни инвестициски фирми за 17,2 милијарди евра.
Италијанско-американски производител на автомобили Фиат Крајслер во второто тримесечје пријави загуби од 1,04 милијарди евра, како резултат на колапсот на глобалната економија предизвикан од епидемијата на Ковид-19.
Европската комисија соопшти дека дале условно одобрување на францускиот гигант „Алстом“ да го купи канадскиот производител на возови „Бомбардие транспорт“.
Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска изјави дека опасноста од Ковид-19 не поминала и ги потсети оние кои бараат поголема слобода дека Италија имаше 800 мртви во еден ден пред само четири месеци, пишува весникот „Ил Фато Котидиано“.
Понатамошното укинување на рестриктивните мерки во Англија, што требаше да стапи на 1 август пролонгирано е за најмалку две недели, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.
Европската комисија повика повеќе од 200 служби за собирање крв низ ЕУ да аплицираат за финансирање за набавка на опрема за плазмафереза која овозможува земање плазма од донатори.
Четврта година по ред, Италија не соопшти какво оружје и во кои земји извезува, иако се обврза на тоа според договорот од 2013 година, кој едногласно беше усвоен во Парламентот, пишува весникот „Ил Фато Котидиано“.
Светска здравствена организација соопшти дека денеска е забележан рекорден број на новозаболени со Ковид-19 – 292.527 лица.
Муслиманските аџии во Саудиска Арабија денеска учествуваат во симболичниот ритуал на каменување на сатаната, почитувајќи ја физичката дистанца.