Бруто домашниот производ во еврозоната падна за 14,4 проценти во вториот квартал, соопшти Евростат
Австралија ќе стане првата земја што ќе бара од интернет компаниите да им плаќаат на медиумски куќи за новинската содржина
Потрошувачките цени во Франција се зголемија за 0,8 отсто во јули споредено со истиот месец лани
Иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи изјави денеска дека европските држави не успеале да го спасат нуклеарниот договор на таа земја со светските сили
Стотици противници на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа протестираа пред неговата официјална резиденција, повикувајќи го да поднесе оставка, додека мала група негови приврзаници се судрија со полицијата и новинарите во трговскиот центар во близина
Групата Ер Франс-КЛМ која „внимателно“ ја зголемува својата понуда за ова лето во контекст на случувањата што се уште се многу несигурни, забележа нето загуба од 2,6 милијарди евра по речиси нулта ниво на активност во април и мај
Републиканецот Херман Кејн, поранешен претседателски кандидат, почина синоќа на 74 – годишна возраст по кратко боледување проследено од симптоми на Ковид-19, пишува весникот Вашингтон пост
Жителите на селото Сурин во северен Тајланд имаат нов идол пред кого се поклонуваат со надеж да им донесе среќа. Станува збор за жаба со шест нозе
Првиот голем шумски пожар во Франција ова лето, кој засега е од непознато потекло, мобилизираше голем број пожарникари цела ноќ и предизвика евакуација на околу сто жители, е ставен под контрола, но опасноста од повторно разбувнување се уште постои
Светската здравствена организација (СЗО) им порача на земјите ширум светот дека треба постепено да ги укинуваат мерките за меѓународни патувања, врз основа на темелна проценка на ризикот, и тој приоритет треба да им се даде на итни случаи