Иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеи изјави денеска дека европските држави не успеале да го спасат нуклеарниот договор на таа земја со светските сили.

– Тие со празни ветувања и нанесоа удар на иранската економија, оцени Хамнеи во телевизиско обраќање.

Од 2018 година, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот и повторно воведе санкции против Техеран, европските потписници на договорот ги интензивираа напорите да го спасат актот, штитејќи ја иранската економија од американските казни.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2020 13:32