Пентагон соопшти дека потпишал договор од 342 милиони американски долари со британскиот фармацевтски гигант „Глаксо Смит Клајн“ (ГСК) – GlaxoSmithKline (GSK) за снабдување „масовни количини вакцини против Ковид-19 за американската војска“
Во Ирска во последните 24 часа се регистрирани 85 заразени лица со коронавирус, што претставува рекорден број на нови случаи од 22 мај, соопшти ирското Министерство за здравство
Најмалку 17 лица се убиени во Авганистан во силна експлозија на автомобил-бомба во провинцијата Логар, јави Би-Би-Си
Сите земји во светот мора да се обединат за да ја спречат пандемијата на коронавирусот, порача Бил Гејтс, основач на компнијата „Мајкрософт“ и копретседавач на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, во новата онлајн издание на њујоршкото списание „Тајм“
Првпат од април оваа година во Кина се регистрирани повеќе од 100 новозаразени лица со коронавирус и тоа два дена по ред, соопшти Националната здравствена комисија
Две ракети го погодиле меѓународниот аеродром во Багдад, соопшти ирачката армија
Италијанскиот Сенат гласаше за укинување на парламентарниот имунитет на лидерот на екстремно десничарската партија Лига, Матео Салвини, со што се отвора патот за судска постапка поради случај на блокада на мигранти на море, додека тој беше член на владата.
Холандските градови Амстердам и Ротердам воведоа задолжително носење заштитна маска на најпосетените места, со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Габрејесус, оцени дека помладите луѓе кои премногу и прерано се опуштиле од кризните мерки, се делумно одговорни за наглиот пораст на бројот на новозаразени во некои земји, но дека светот мора да научи како да живее со вирусот.
Бруто домашниот производ на САД во второто тримесечје се намалил за рекордни 32.9 проценти, најголем пад на економијата после Големата депресија (1929-1933), а како резултат на пандемијата на коронавирус што предизвика запирање на потрошувачката и бизнис активностите во земјата.