Рејтинг агенцијата Фич ги ревидираше денеска можностите за долгорочно задолжување на Јапонија во странска валута од „стабилни“ на „негативни“, наведувајќи во образложението остар пад на домашната економија како последица на коронавирусот
Муслиманските верници одбрани за аџилак, вчера го завршија карантинот, а денеска ја посетуваат Мека, каде се применуваат мерките за спречување на ширењето на Ковид-19
Група американски републиканси сенатори ја повикаа администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го испита можниот ризик Кина да ја искористи ТикТок, популарна апликација за споделување видеа, за вмешување во претстојните претседателски избори
Две групи демонстранти против употребата на федералните безбедносни структури, ангажирани да ги згаснат протестите во Портланд, поднеле тужба пред федералниот суд против Министерство за внатрешни работи, јавија американските медиуми
Четиринаесет години откако добија зелено светло за проектот, група научници со седиште во Франција вчера почнаа да работат на уред што треба да покаже дали нуклеарната фузија, која е извор на енергија на Сонцето, може да биде безбеден и одржлив извор на енергија на Земјата
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ја бранеше употребата на хидроксихлорохин во борбата против коронавирусот, со што се спротивстави на мислењето на официјалните лица од американскиот Кризен штаб
Градоначалничката на Хонг Конг, Кери Лам ги предупреди граѓаните дека на градот му се заканува нов, голем бран на ширење на коронавирусот и апелираше до сите да останат дома што е можно подолго
„Автопортретот со црна капа“ на холандскиот сликар Рембрант ван Ријн, од 1632 година, е продаден за 14,5 милиони фунти (речиси 16 милиони евра) на интернет наддавање на аукциската куќа „Сотби“. За сликата биле заинтересирани шест понудувачи
Турскиот Парламент денеска го усови законот со кој се предвидува засилена контрола врз социјалните мрежи, што предизвикува загриженост во врска со слободата на изразување
Најмалку 212 активисти за животна средина ширум светот се убиени во 2019 година, додека учествувале во еколошки акции против штетни индустрии и корумпирани вработени, со што минатата година е најсмртоносна за активистите за животна средина, соопшти невладината организација Global Witness