Најмалку 212 активисти за животна средина ширум светот се убиени во 2019 година, додека учествувале во еколошки акции против штетни индустрии и корумпирани вработени, со што минатата година е најсмртоносна за активистите за животна средина, соопшти невладината организација Global Witness.
Повеќе од две третини од убиствата се случиле во Латинска Америка.
Вистинската бројка на смртни случаи сигурно е поголема, бидејќи некои убиства не се пријавени.
Една од десет жртви е жена, соопшти организацијата.