Невреме и обилен дожд утрово предизвикаа поплави во Милано и проблеми во сообраќајот, јавија италијанските медиуми
Властите на Судан открија масовна гробница со 28 тела на војници, убиени во неуспешниот обид за пуч против поранешниот претседател Омар ал-Башир во 1990 година, соопшти суданското Јавното обвинителство
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пристигна во Големата џамија „Аја Софија“, која по 86 години денеска се отвори за извршување намаз, јави агенцијата Анадолија
Словенечката Влада ја продолжи мерката за субвенционирање на платите во периодот додека луѓето чекаат работа, а се проценува дека такви заработувачки за август ќе примат околу 24.000 работници, најави министерот за труд, семејство и социјална политика Јанез Циглер Краљ
Двајца поранешни вработени во Твитер тврдат повеќе од илјада вработени во компанијата и компаниите со коишто таа соработува, годинава имале пристап до внатрешни алатки кои овозможуваат измени во поставките за кориснички профил, а со тоа и контрола над него
Бројот на заразени со новиот коронавирус во Русија надмина 800.000, соопшти денеска Рускиот центар за борба против вирусот
Израелската полиција употреби водени топови за да растера илјадници демонстранти кои се собраа во центарот на Ерусалим во знак на протест против премиерот Бенјамин Нетанјаху во судирите што избувнаа во текот на ноќта, по што беа упасени најмалку 55 луѓе
Лидерот на руската автономна република Чеченија, Рамзан Кадиров му забрани денеска на американскиот државен секретар Мајк Помпео влез во регионот
Со економската криза предизвикана од коронавирусот и нефункционирањето на воздушниот сообраќај, нарачките на летала се намалија за францускиот производител на воени и деловни авиони Дасо Авијација
Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Индија достигна 30.601, а за една ноќ се регистрирани околу 50.000 новозаразени, покажуваат официјални податоци