Бројот на заразени со новиот коронавирус во Русија надмина 800.000, соопшти денеска Рускиот центар за борба против вирусот.
Во последните 24 часа евидентирани се 5.811 нови случаи, а стапката на раст на пациентите е 0,7 проценти, односно најниска од 23 април.
Во последните 24 часа починале 154 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 13.046.
Во моментов в о Русија има 199.029 активни случаи.