Околу 1,4 милиони Американци минатата недела поднеле документи за невработеност, соопшти денеска американското Министерство за труд.
На 23 јули 2018 година, навидум безопасниот пожар од брдото, со огромна брзина, поради силниот ветер го смени правецот и се спушти до куќите, а огнените јазици, за само неколку часа, проголтаа домови, автомобили и одзедоа 102 животи.
Поради зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирусот, белгискиот Совет за национална безбедност одлучи повторно да воведе построги мерки со цел да се спречи ширењето на заразата.
Франција ќе им подели 40 милиони заштитни маски на најсиромашните граѓани, соопшти министерот за здравство Оливие Веран.
Русија врз услов на реципроцитет ќе ги отвори своите граници со другите земји, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во писмото објавено во магазинот „Ју-ЕС-Еј Тудеј“ (USA Today), шведските научници апелираат до другите држави и влади да „не прават како Шведска“.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан овој месец го има највисокиот рејтинг за одобрување во последниве пет години, покажа истражувањето направено од страна на Институтот Незопонт.
Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика граѓаните да останат внимателни поради опасноста од коронавирусот со доаѓањето на постудените годишни периоди.
Врз градоначалникот на Портланд, Тед Вилер, беше фрлен солзавец откако тој синоќа се приклучи на демонстрантите кои речиси два месеца протестираат против расната дискриминација и бруталноста на полицијата.
Според истражувањата на шпанскиот Институт за здравје Карлос Трети, 49.6 отсто од лицата позитивни на Ковид-19 се асимптоматски, додека 40 проценти од пациентите се под 40-годишна возраст