Приближно 10 милиони луѓе се соочуваат со недостиг на храна во Јемен и потребна е итна акција за надминување на таквата ситуација, соопшти Светската програма за храна на Обединети нации
Државниот совет (Врховен управен суд) на Франција денеска и нареди на Владата да преземе мерки за намалување на загадувањето на воздухот во неколку градови и региони, во спротивно државата ќе треба да плати рекордна казна од 10 милиони евра за секои шест месеци доцнење
Белорускиот претседател Александар Лукашенко предупреди дека постои закана од распаѓање на земјата
Централната банка на Холандија (ДНБ) денеска соопшти дека ќе почне истрага за сопствената улога во трговијата со робје во 19 век
Турскиот државен совет (висок административен суд) ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Света Софија од џамија во музеј, јави турската новинска агенција Анадолија
САД го отфрлаат заклучокот на специјалната известувачка на Обединетите нации за убиства без судење (extrajudicial executions), Ањес Каламар дека американскиот атентат врз иранскиот генерал Касим Сулејмани е кршење на меѓународното право
Дејвид Реш од Мерилинд верува дека би можел да биде еден од првите луѓе кои се успешно вакцинирани против Ковид-19 откако учествуваше во испитување кое ветува резултати во создавање на антитела
Бројот на жртви во поплавите што ја погодија Јапонија се искачи на 66 луѓе, а 16 се водат како исчезнати. Јапонската метеоролошка служба соопшти дека обилен дожд се очекува и за време на викендот
Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, ја презентираше последната верзија на неговиот предлог буџет за периодот 2021-2027, при што повеќето ставки се намалени, но за претпристапниот инструмент сликата е малку покомплексна
Германскиот виролог Хендрик Штрек смета дека ќе има втор и трет бран на заразата со Ковид-19 и дека општеството мора да научи да живее со коронавирусот