Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 11.469.455 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив умреле 535.059, а оздравеле 6.489.415 лица.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди денеска дека земјата се наоѓа во вонредна состојба поради драстичното зголемување на бројот на нови случаи на зараза со коронавирус.
Во Египет на 11 и 12 август ќе се одржат избори за нов дом на Парламентот – Сенат, кој ќе биде првпат формиран, откако минатата година беше донесена таква одлука на референдум за ревизија на Уставот, изјави денеска претседателот на Изборната комисија, Лашин Ибрахим.
На Република Сан Марино и се заканува опасност од банкрот поради економската криза која ја зафати по пандемијата на новиот коронавирус, а поради нејзиниот долг би можеле да ја загуби својата 1.300-годишна самостојност, пишува весникот „Ил фато Квотиџиано“.
Само по неколку месеци, британската Влада ќе почне да го разгледува откажувањето на учеството на кинеската компанија „Хуавеј“ во изградба на 5Г мрежата во Британија, пишува весникот „Сандеј телеграф“.
Поранешниот украински претседател Петро Порошенко го обвини денеска својот наследник Володимир Зеленски дека „го гони судски поради одмазда“
Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе го претстави составот на новата влада, изјавија извори блиски на шефот на државата
Папата Франциско ги поздрави денеска напорите на Советот за безбедност на ОН да се воспостави примирје низ светот, со цел државите подобро да се изборат со пандемијата на новиот коронавирус
Во ноќен клуб во градот Гринвил, во сојузната држава Јужна Каролина, во раните утрински часови дошло до вооуржен напад во кој се ранети најмалку 12 лица
Воздухопловната база „Ватија“, што во мај повторно ја освоија силите на Меѓународно признатата либиска Влада со седиште во Триполи, ноќеска е нападната од воздух, а засега не е познато на чии вооружени сили им припаѓале авионите што го извршија нападот