Генетската верзија на новиот коронавирус што предизвикува Ковид-19 и е распространет низ целиот свет, во лабораторија се покажа поспособна да инфицира човечки клетки од оригиналната форма што се појави во Кина, покажува најновото истражување објавено во списанието „Сел“
По првпат од почетокот на пандемијата на коронавирус, германската канцеларка Ангела Меркел јавно се појави со заштитна маска на лицето
Шефовите на разузнавачките служби на САД одржаа доверлив брифинг со лидерите на Конгресот на САД, кои бараа извештај за разузнавачката проценка дека Русија нуди паричен надоместок за убиства на американските војници во Авганистан
Премиерот на Холандија, Марк Руте изјави дека е за солидарност, но не во вид на бесповратна помош, туку кредити, при тоа додаде дека следниот пат кога Италија ќе се најде во ситуација, како по пандемијата, ќе мора да биде подготвена сама да ги решава проблемите
Индискиот премиер Нарендра Моди денеска го обиколи хималајскиот регион Ладах, неколку недели откако индиските и кинеските трупи долж тамошната спорна граница таму, што доведе до криза во врските меѓу соседите, јави ДПА
Во Истанбул денеска почнува судски процес во отсуство на дваесетмината Саудијци, кои се обвинети за вмешаност во убиството на саудискиот дисидент и новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во 2018 година
Франција за неколку часа ќе добие нов премиер, соопшти Елисејската палата, јави ДПА
Претставници на американските воено-поморски сили и на сојузниците изјавија дека Русија во моментов распоредува повеќе подморници и на подолготраен рок во оние делови на Атлантскиот Океан каде тие можат да претставуваат закана за воените бродови на НАТО, јави синоќа Волстрит журнал
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот, Џак Џамер денеска изјавија дека претседателот Доналд Трамп е несфатливо попустлив кон Русија по објавувањето на извештајот на американските разузнавачки служби, во кој се наведува дека Кремљ им плаќа на талибанците за убивање на војниците на САД во Авганистан
Рускиот заменик министер за финансии, Владимир Количев, изјави дека рускиот федерален буџет бележи загуба од повеќе од 1.000 милијарди рубљи (речиси 14,2 милијарди долари) како резултат на пандемијата на коронавирусот