По првпат од почетокот на пандемијата на коронавирус, германската канцеларка Ангела Меркел јавно се појави со заштитна маска на лицето. Пред средбата на Бундесратот, таа е фотографирана со црна маска со логото на германското претседателство со ЕУ.
Претходно, новинарите ја прозваа поради тоа што не носи заштитна маска во јавност. Меркел тогаш рече дека кога има можност да одржува физичка дистанца, тогаш не носи маска, но кога, да речеме, пазарува во супермаркет, тогаш е со маска на лицето.