Американското правобранителство поднесе барање за заплена на нафтата што со четири ирански танкери се превезува за Венецуела, во најновиот обид на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да изврши економски притисок врз двете непријателски држави
Во текот на изминатиот ден во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени сега веќе надмина 10,5 милиони, соопшти Светската здравствена организација
Амбасадорот на Турција во Париз, Исмаил Хаки Муса повикан во француското Министерство за надворешни работи откако на сослушување со француските сенатори изнесе „неточни и пристрасни“ тврдења
Кинеските власти во карантин ставиле 95 руски државјани, морнари од рибарскиот брод „Сивинд“, по тестирањата од кои се утврило дека еден морнар имал антитела на коронавирусот
Американската компанија „Боинг“ нема повеќе да го произведува познатиот модел на авиони „Боинг 747-8“, објави агенцијата Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори од компанијата
Во северен Ирак е пронајдена масовна гробница, во која се верува дека се закопани телата на повеќе од стотина лица, кои најверојатно биле убиени од припадници на Исламската држава во Ирак и Левант
Претседателот на Франција, Емануел Макрон најави дека следната фаза од неговиот претседателски мандат ќе биде пропратена со нов владин тим, но не се изјасни за иднината на премиерот
Еден од најпознатите антивладини активисти во Хонг Конг, Нејтан Ло, избега од оваа полуавтономна кинеска територија
Продолжува да расте бројот на лица кои се заразени со коронавирус во Бразил, а во последните 24 часа се регистрирани 48.105 нови случаи, со што вкупниот број на заразени сега изнесува 1.496.858 лица
Премиерот на Австралија, Скот Морисон изјави дека Владата размислува да им понуди засолниште на жителите на Хонг Конг, откако Кина го усвои Законот за национална безбедност за полуавтономната територија